Читать книгу: «Писателот И Режисерот»

Шрифт:

Ману Бодин

Писателот и синеастот

Новела

Превод од француски јазик: Маја Малиновска

1  Писателот и синеастот

2  Од истиот автор

Писателот и синеастот

Ми се случува често во недела попладне да одам да дремам во еден локален бар, блиску до местото каде живеам. Ги набљудувам луѓето на улица и пишувам. Пишувам по малку за сè, но најчесто за односите меѓу луѓето. Добивам инспирација кога случајно ќе наслушам некоја интересна животна случка кога зборуваат; ги забележувам нивните гестови, како и нивните тикови. Исто така собирам драматуршки елементи и од моите лични искуства како и од оние на моите пријатели. Последниве неколку години, пишувањето стана мојот живот.

Се појави како непоканет гостин, наеднаш без предупредување, како бегство од општеството во кое живееме и неговата неивеинтивност - што ќе си дозволам да го окарактеризирам како вознемирено и болно и што, од време на време, ми дава неискажлива желба да побегнам на другата страна на светот за да се сокријам таму некаде, далеку од сè, заштитен од ограничувања и противречности, помеѓу едноставни луѓе кои се задоволни од едноставен и скромен живот.

Додека влегував во бистрото, забележав една ситна русокоса како седи во еден агол. Изгледаше дека сите момци зјапаат во неа. Седнав на масата пред неа, која беше слободна.

Поминав покрај, загледувајќи ја, надведнувајќи и воодушевувајќи се на нејзиното полу - отворено деколте. Беше внесена во нејзиниот мобилен телефон, праќајќи пораки некому. На тркалезната маса лежеше голема, малку подотворена жолта чанта која вриштеше од нередот внатре кој можев да го забележам.

Покрај торбата имаше чаша бело вино и под еден метален пепелник неколку натрупани сметки кои чекаа некој да ги плати. По се изгледа оваа убава девојка направила многу нарачки. Скришно ме погледна, додека ја ставав јакната на задниот дел од столот. Беше загледана настрана и како да ми се потсмеваше кога се појавив. Си се врати на својот паметен телефон и продолжи да си типка со двата палци еден по друг на екранот.

Седнав вртејќи ѝ се со грбот. Од ранецот извадив бележник А4 формат и пенкало. Од местото каде што седев, можев да размислувам за толпата минувачи кои минуваа низ улиците и за кои обично пишувам во моите текстови.

Добив инспирација и почнав да редам неколку зборови. Речениците се формираа една по една, пасусите следеа еден по друг, страниците поцрнуваа. Бев во креативен занес, морав да признаам дека ретко сум имал таква инспирација да пишувам.

По некое време, во еден од тие моменти на размислување, својствен за секој писател, слушнав едно „Еј!“ кое дојде одзади. Се освестив, ги тргнав мислите - барем, за некое време - и ја свртев главата.

„Што пишуваш? Писател си?“ - ме праша убавата русокоса што ја забележав кога пристигнав.

Овој пат, таа зјапаше во мене, право во очи и планираше да започне разговор. Едвај и да изустив едно да, вознемирен од нејзината аура што ме заслепи. Ме маѓепса во истиот момент со нејзините смарагдно зелени очи.

„Што, да? Дали си писател?“ – ме праша строго. За да се соочам подобро со неa, се свртив наназад потпирајќи се на задниот дел од столот на кој седев.

„Да, тоа е тоа. Работам на роман.“ Веднаш штом завршив со изговарање на таа реченица, видов дека зениците на девојката почнаа да светкаат.

Таа скокна, ги зграпчи пијалакот и чантата. Тогаш, торбата удри во пепелникот и трите сметки што требаа да се платат летнаа на земја. Ми се чинеше дека ниту најмалку не размислуваше да ги плати.

Направи неколку чекори за да се приближи и во тој момент открив дека е вистинска секс-бомба, прилично ниска, околу метар и педесет сантиметри. Нејзините две ракети сигурно со величина од 95 корпа Д, можеби и малку повеќе. Откако се восхитував на горниот дел, ја спуштив главата за да ги видам нејзините бутови.

Нејзиното кратко пастелно сино здолниште беше само малку подолу од нејзиниот задник. И каков задник! Добро парче, многу мрсничко. Нејзината долга руса коса се слеваше до задникот. Нозете и беа топ. Беше женска која би сакал да ја легнам.

„Сакам писатели. Тие се толку имагинативни … Дали ќе ти пречи ако седнам ? Досадно ми е сама. Бившиот ме изнервира. Ми праќа смешни СМС-пораки и се правда дека не дојде на состанок и ме остави сама. Каков шупак! Се колнам, машките… Навистина, понекогаш тешко ми е да ве разберам. Па, не го велам тоа за тебе, дури и не те познавам. Но, генерално …Се сложуваме, нели? Мислам, ме разбра.“

Хипнотизиран гледав како девојката се смести на столчето спроти мене на мојата маса и почна да зборува бесмислено. Не можев да сфатам што се случува. Тонот на нејзиниот глас беше пријатен за слухот, многу мулозвучен, различен од енергијата која ја озрачи оваа девојка. „Па кажи ми сè, за што пишуваш?“ Малата русокоса ме проголта со нејзините големи зелени очи, како да е фасцинирана. Усните и светеа, молеа некој да ги бакне и да ги исцица.

Дури и не чекав да ѝ објаснам за што станува збор во мојата приказна, а малата русокоса веќе се потпираше над моето рамо, обидувајќи се да го дешифрира она што го имав напишано на мојот лист ишкртан со шрктаници и стрелки во повеќе насоки што ги користев за поврзување na делчињата од урамени и нумерирани текстови. „Какви шкртаници има на вашиот лист, навистина не е лесно да се разбере што пишува…“

„Ова се претежно идеи и белешки што ќе ги средам дома, ќе ги препишувам и ќе им дадам структура за да станат разбирливи пасуси.“

„Хм … И јас мислам дека не се разбира. Кога опишуваш нешто мислите ти летаат наоколу, не сакаш многу да пишуваш за други, нели?

„Претпочитам интроспекција.“

„ Да … не изгледа и толку интроспективно, а покрај тоа … Гледам дека има и валкани мисли… во вашите повеќе или помалку романтични пасуси“.

Оваа последна реченица одекна тивко во дупчето на моето уво, со скоро безобразен тон. Таа штотуку ми ги шепна овие зборови на ист начин како кога некоја жена ќе му каже на љубениот дека го сака, дека сака да му скокне во прегратка, сега, во овој момент, без никој наоколу да се посомнева во тоа.

Бесплатный фрагмент закончился.

399 ₽
113,17 ₽
Возрастное ограничение:
0+
Дата выхода на Литрес:
07 марта 2021
Объем:
21 стр.
ISBN:
9788835420057
Переводчик:
Правообладатель:
Tektime S.r.l.s.
Формат скачивания:

С этой книгой читают